ПСИХОМЕТРИСКИ СВОЈСТВА НА КРАТКАТА ВЕРЗИЈА НА СКАЛАТА ЗА ГЕНЕРИЧКИ КОНСПИРАЦИСКИ УВЕРУВАЊА (GCB-15) ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2477153k
Клучни зборови: генерички конспирациски уверувања, психометриски карактеристики

Апстракт

Ова истражување ги проценува психометриските карактеристики на
кратката верзија на Скалата за генерички конспирациски уверувања (Generic
Conspiracist Beliefs scale, GCB-15), преведена на македонски јазик. Вкупно 615 ет-
нички Македонци (53,2 % жени) на просечна возраст М = 30,6 (SD = 20,4) години,
од 18 различни града во земјата, доброволно учествуваа во процесот на собирање
податоци за истражувањето преку интернет. Процесот на преведување на
инструментот вклучуваше интерпретација од два независни преведувачи, „вра-
тено“ преведување и дискусија на експерти до постигнување консензус.
Просечните скорови за супскалите на GCB-15 се повисоки во споредба со
други студии правени на истиот инструмент, што веројатно укажува на повисок
степен на прифаќање конспирацсики уверувања кај испитуваната популација.
Резултатите од експлораторната факторска анализа сугерираа структура
со два фактори, кои ги диференцираат општите идеи на заговор и уверувањата
поврзани со постоење вонземјани. Конфирматорната факторска анализа го
поддржа овој модел како најадекватен, пред моделите со внатрешна структура
од еден или од пет фактори. Кронбах Алфа коефициентите на сите супскали
беа во рамките на прифатливо висока внатрешна конзистентност, движејќи се
од α = ,61 до α = ,80, како и многу висока за скалата во целост (α = ,91). Конвер-
гентната валидност беше потврдена преку потврдување на претпоставените
позитивни корелации со конспирациско мислење и прифаќање популистички
ставови, додека дискриминантната валидност беше докажана преку отсуство
на поврзаност со емоционалната интелигенција. Критериумската валидност
беше потврдена преку успешната предикција на верувањето во теоријата
на заговор за COVID-19, додека тестот на валидноста на разлики меѓу групи
идентификува значајни разлики во конспирациските уверувања врз основа на
образованието, економскиот статус и задоволството од животот, но, само де-
лумно потврдувајќи ги поставените хипотези. Може да се заклучи дека GCB-
15 преведен на македонски јазик, се покажа како квалитетен инструмент за
проучување на конспирациските верувања во овој културен контекст, со што
дополнително е поддржано тврдењето за неговата ефикасност како инструмент
низ различни култури.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25