Том. 24 Бр. 2 (2026): Philological Studies
Драги читатели,
Со задоволство ви го претставуваме онлајн изданието на вториот број на овогодишното меѓународно славистичко списание „Philological studies“.
Вториот тематски број со наслов „Словенски канони и класици: Интеркултурна рецепција во 21 век.“ е посветен на словенскиот книжевен канон и неговиот статус во 21 век. Бројот се состои од дваесет и еден труд од кои петнаесет се научни трудови и шест осврти и рецензии. Трудовите се распоредени во редовните рубрики на списанието: Филозофски и културни проблеми, Историја и филологија, Збор во историски и во културен контекст, Литература во интеркултурен контекст, Современото општество во: културата, јазикот и литературата, Проучување на говорот и лингводидактика и Осврти и информации.
Овогодишното тематско издание е изработено во соработка меѓу Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб (Хрватска) и партнерските институции: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Северна Македонија), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија) и Институтот за литература и уметност во Белград (Србија).
Сакаме да ја искористиме оваа можност да им се заблагодариме на сите учесници, а особено на авторите, кои, со своите придонеси, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалното и на меѓународното вмрежување во областа на хуманистичките науки.