ПРИРОДАТА ВО МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ БАЛАДИ (Еколошки и семантички пристап)
Клучни зборови:
мотивска класификација, социјална екологија, биоцентризам, антропоцентризамАпстракт
: Во трудот се анализира улогата и значењето на природата во македонските народни балади од еколошки и од семантички аспект, при што се доаѓа до општ заклучок дека природата не е претставена само како сценографија, туку како активен учесник во дејството преку кое се изразуваат човечките: чувства, верувања, страдања, надежи и моралните вредности.
Преку конкретно избрани митолошки, историски и семејно-битови балади се покажува дека сонцето, месечината, водата, земјата, гората, дрвјата, животните и другите природни елементи имаат различни симболички значења. Тие можат да претставуваат: живот, сила, слобода, опасност, плодност, заштита, смрт и повторно раѓање. Посебно се нагласени: симболичка, претскажувачка, психолошка, митолошка и естетска функција на природа во овие балади.
Нивната анализа од еко-критичка перспектива покажува дека односот меѓу човекот и природата е сложен. Човекот е зависен од природата и нејзините ресурси, но истовремено се обидува да ја контролира и да ја користи. Преку примери како метаморфозите на луѓето во животни и во растенија, персонификацијата на: сонцето, месечината и гората и мотивите на: водата, дрвјата и плодовите се нагласува меѓусебната поврзаност на човекот и природниот свет.
Заклучокот на трудот се движи во насока дека македонските народни балади не се еколошки текстови во современа смисла, но овозможуваат современо да се разгледаат прашањата за човековата зависност од природата, границите на неговата моќ и последиците од нарушувањето на природниот поредок. Природата претставува важен носител на поетското и на симболичкото значење на баладите и сведочи за традиционалното сфаќање дека човекот е неразделен дел од природата.
Превземања
Референци
Гусев, Виктор Евгеньевич. 1967. Эстетика фольклора. Изд-во Наука: Ленинградское отд-ние.[ Gusev, Viktor Evgenievich. 1967. Aesthetics folklore. Publisher Science: Leningradskoe department.] (In Russian)
Миладиновци. 1962. Зборник (1861-1961). Кочо Рацин: Скопје. [Miladinovci. 1962. Collection of folk songs (1861-1961). Koco Racin: Skopje] (In Macedonian)
Мојсиева-Гушева. 2000. „Поглед и моќ“. Лице и опачина. ИМЛ: Скопје.[ Mojsieva-Gusheva. 2000. „Gaze and Power“. Face and Reverse. IML: Skopje.] (In Macedonian)
Обредни митолошки песни. 1968. (Избор и редакција Пенушлиски Кирил). Македонска книга: Скопје. [Ritual mythological poems. 1968. (Selection and editing Penushliski Kirill). Macedonian book: Skopje.](In Macedonian)
Пенушлиски Кирил. 1983. Македонски народни балади. Македонска книга: Скопје.[Penushliski, Kiril. 1983. Macedonian Folk Ballads. Makedonska Kniga: Skopje.] (In Macedonian)
Ристовска-Пиличкова, Јасминка. 2024. „Arbor mundi-axis mundi“. Екоантропологија: помеѓу човекот и околината. Институт за фолклор „Марко Цепенков“: Скопје.[Ristovska-Piličkova, Jasminka. 2024. “Arbor mundi–axis mundi.” Ecoanthropology: Between Humans and the Environment. Marko Cepenkov Institute of Folklore: Skopje.] (In Macedonian)
Татаровска, Ленка. 2006. Метаморфозите во македонските народни умотворби. Менора [Tatarovska, Lenka. 2006. The Metamorphoses in Macedonian Folk Literature. Menora: Skopje.: Скопје.] (In Macedonian)
Шапкарев Кузман. 1976. Избрани дела том. 3. (приредил Томе Саздов). Мисла: Скопје.[Šapkarev, Kuzman. 1976. Selected Works, Vol. 3. (Edited by Tome Sazdov). Misla: Skopje.] (In Macedonian).
Литература на латиница:
Baier, Annett. 1984. "For the Sake of Future Generations", in Earthbound: New Itroductory Essays in Environmental Ethics. ed. Tom Regan. New York: Random House.
Murray Bookchin. 1982. The Ecology of freedom: The emergence and dissolution of hierarchy. Palo Alto, California.
Passmore, John.1974. "Man’s Responsibility for the Nature". Ecological Problems and Western Tradition. New York: Scribner.
Taylor Paul. Respect for Nature. 1986. Prinston University Press.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 Јасмина Мојсиева - Гушева

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.