Известувања
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ТРУДОВИ ЗА ДВАТА БРОЈА НА СПИСАНИЕТО „PHILOLOGICAL STUDIES“ – ЗА 2026 ГОДИНА
Ве покануваме да испратите трудови за двата броја на Меѓународното славистичко списание „Philological studies“ за 2026 година. Првиот број ќе ги содржи стандардните рубрики на списанието:
• Философски и културни проблеми;
• Историја и филологија;
• „Збор“ во историски и во културен контекст;
• Литература во интеркултурен контекст;
• Современо општество во: културата, јазикот и литературата;
• Студија за говорот и за лингводидактиката;
• Осврти и информации.
Вториот број ќе биде посветен на темата „Словенски канони и класици: интеркултурна рецепција во 21 век“.
Тематското издание на списанието „Philological studies“ за 2026 година ќе биде посветено на темата „Словенски канони и класици: интеркултурна рецепција во 21 век“ во рамките на следните тематски области:
• Словенски културни канони денес: интеркултурен контекст;
• Алтернативни канони;
• Канони и социоисториски контексти;
• Канони и класици онлајн;
• Канони и класици во преводот;
• Рецепција на класици во современата критика;
• Адаптации на класици: театар, филм, музика, видеоигри и други медиуми;
• Словенски класици во наставните програми во: основното, средното и високото образование;
• Класици на културни фестивали.
Трудовите треба да се достават до Редакцијата или преку платформата на списанието, најдоцна до 10 април 2026 година.
Сите трудови треба да бидат подготвени во согласност со упатствата за авторите, кои се достапни на веб-страницата на списанието.