КАНОНСКАТА ПРЕТСТАВА ЗА ТВОРЕШТВОТО НА ПИСАТЕЛОТ ИВАН ТОЧКО И НЕГОВАТА НЕОБЈАВЕНА КНИЖЕВНОСТ ЗА ДЕЦА
Клучни зборови:
Книжевен канон, архив, книжевна меморија, Иван Точко, книжевност за децаАпстракт
Во трудот се разгледува канонската претстава за творештвото на Иван Точко преку односот на објавениот опус, книжевната меморија и неговата книжевност за деца како творечка линија, присутна и во објавеното и во архивскизачуваното творештво.
Анализата поаѓа од трите објавени песни за деца во „Млад Борец“, листот на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија во 1945 година: „Пионерска работа“, „Пионери мали, еј сила сте вие“ и „Солнцето е наше“. Овие песни се објавени под псевдонимот Кали Мало Точката, кој е присутен како потпис и кај петте необјавени раскази: „Лов“, „Штом паднеше снегот“, „Еден летен ден“, „Сликарот и овчарчето“ и „Сребрената пара и железниот клуч“.
Оваа состојба на објавено/необјавено укажува на книжевноста за деца на Иван Точко како творечка линија, која останува надвор од наследената претстава за творештвото на Точко, при што откриените архивски материјали не се поставуваат како автоматско проширување на канонот, туку како испитување на механизмите на книжевната меморија, која ја обликува канонската претстава
Превземања
Референци
Ангеловски, Дарин. (2026). „Неканонски дела од канонски автор“. Предговор во Кали Мало Точката, Избор од необјавеното раскажувачко творештво на Иван Точко. Скопје: ИМЛ. [Angelovski, Darin. (2026). “Nekanonski dela od kanonski avtor“ Predgovor vo Kali Malo Točkata, Izbor od raskažuvačkoto tvoreštvo na Ivan Točko [”Noncanonical Works from Canonical Author”, Foreword in Kali Malo Točkata, Unpublished stories by Ivan Točko]. Skopje: IML. (In Macedonian)]
Ангеловски, Дарин. (2023). „Иван Точко“, Енциклопедија на македонската книжевност, Автори и дела https://mke.iml.edu.mk/Home/Avtor/226 Пристапено: 3.10.2026 г. [Angelovski, Darin. (2023). “Ivan Točko, Enciklopedija na makedonskata kniževnost, Avtori i dela [“Ivan Točko”, Encyclopedia of Macedonian Literature, Authors and Works]. https://mke.iml.edu.mk/Home/Avtor/226. 3.10.2026 г. (In Macedonian)
Друговац, Миодраг. (1968). „Поговор“, во: Иван Точко. Прстен, Скопје: Македонска книга, стр. 205–209. [Drugovac, Miodrag. (1968). “Pogovor” [“Afterword”], Ivan Točko, Prsten [Ring], Skopje: Makedonska kniga, 205-209. (In Macedonian)
Конески, Блаже. (1971). „Иван Точко и неговата ’Охридска трилогија‘ “. Во: Иван Точко. Охридска трилогија. Скопје: Мисла, стр. 5–14. [Koneski, Blaže. (1971). “Ivan Točko i negovata ‘Ohridska trilogija’”. Vo: Ivan Točko. Ohridska trilogija [Ivan Točko and his ‘Ohrid’s trilogy’. In Ivan Točko. Ohrid’s trilogy]. Skopje: Misla, 5-14. (In Macedonian)
Ricoeur, Paul. 2004. Memory, History, Forgetting. Translated by Kathleen Blamey and David Pellauer. Chicago: University of Chicago Press
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 Дарин Ангеловски

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.