Том. 24 Бр. 1 (2026): Philological Studies

Драги читатели,

Со задоволство ви го претставуваме онлајн изданието на првиот број на овогодишното меѓународно славистичко списание „Philological studies“.

Овој број се состои од  дваесет прилози, од кои шеснаесет се научни трудови и четири осврти од областа на словенските: литератури, јазици, култури и културна историја. Трудовите се распоредени во редовните рубрики на списанието: Филозофски и културни проблеми, Историја и филологија, Збор во историски и во културен контекст, Литература во интеркултурен контекст, Современото општество во: културата, јазикот и литературата, Проучување на говорот и лингводидактика и Осврти и информации.

Овогодишното издание е изработено во соработка меѓу Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб (Хрватска) и партнерските институции: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe (Северна Македонија), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија) и Институтот за литература и уметност во Белград (Србија).

Сакаме да ја искористиме оваа можност да им се заблагодариме на сите учесници, а особено на авторите, кои, со своите придонеси, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалното и на меѓународното вмрежување во областа на хуманистичките науки.

Објавено: 2026-10-01

Зборот во историско-културолошкиот контекст