КОХЕРЕНЦИЈАТА ВО ПИСМЕНИТЕ РАБОТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Автори

  • Бојана Мандорвска
  • Магдалена Трајческа
  • Виолета Јанушева П

Клучни зборови:

кохеренција, писмени работи, македонски јазик

Апстракт

Ова квалитативно истражување анализира 50 писмени работи по македонски јазик на учениците од деветто одделение (што го претставуваат примерокот), од гледна точка на употребата на јазичните средства со кои се постигнува кохеренцијата во пишан текст. Целта е да се добие една општа слика за писменото изразување на учениците во основното образование, во однос на алатките што придонесуваат за разбирливоста на текстот и што ја обезбедува неговата текстура. Анализата се темели на квалитативната анализа на содржината и на интерпретативно-индуктивниот метод.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека во анализираниот корпус, како средства за постигнување кохеренција, најмногу се употребуваат заменките, а посложените аспекти на кохеренцијата се помалку застапени. Оттука, на овој значаен аспект во писменото изразување на учениците треба да му се посвети поголемо внимание во наставната практика.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2026-11-05

Издание

Секција

Проучување на говорот. Лингводидактика

Како да се цитира

КОХЕРЕНЦИЈАТА ВО ПИСМЕНИТЕ РАБОТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ. (2026). Филолошки студии, 24(1), 303-315. https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/4581

Најчитани трудови од истиот автор(и)