ГОВОРОТ НА ЈОАНИС КОЛЕТИС И ПОЈАВАТА НА ГРЧКАТА ГОЛЕМА ИДЕЈА

  • Далибор Јовановски

Abstract

Целта на овој прилог е да се покаже како дојде до појавата на грчката Голема идеја и нејзиното влијание врз грчкото општество, наука, надворешна политика и засилување на национализмот. Исто така во прилогот е даден целиот текст на говорот на Јоанис Колетис од 14 јануари 1844 година. Сметаме дека тој треба да биде објавен на македонски јазик заради минатото, сегашноста и иднината. Колетис, кој по потекло бил Влав од Епир, тогаш дел од Османлиската Држава, бил мошне влијателен политичар во независна Грција. Тој учествувал во изградбата на институциите на новата држава. Неговиот говор навидум немал за цел да го разгори грчкиот национализам и да ги засили аспирациите за територијално проширување на првата независна и православна држава на Балканот. Целта на Колетис била да укаже дека сите кои учествувале во востанието од 1821 година, без разлика дали биле родени на територијата на новата држава или на онаа на Османлиската Империја имале право на грчко државјанство. Меѓутоа зборовите кои тој ги употребил во говорот, посебно терминот Голема идеја (на грчки Μεγαλη ιδεα), довеле до разгорување на национализмот, промена во погледите на минатото, особено по прашањето на Античка Македонија и Византија, како и јавно истакнување на територијалните претензии кон соседната Османлиска Држава. Неговиот говор станал водилка за идната надворешна и национална политика на Кралството Грција.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2022-12-16
How to Cite
Јовановски, Д. (2022). ГОВОРОТ НА ЈОАНИС КОЛЕТИС И ПОЈАВАТА НА ГРЧКАТА ГОЛЕМА ИДЕЈА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 75(1), 73-90. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2206