ПРЕДВИДУВАЊЕТО КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ПЛАНИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА

Автори

  • Оливер Бакрески ,

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2376421b

Клучни зборови:

предвидување, прогнозирање, процена, планирање, безбедносни функции

Апстракт

Предвидувањето е составен дел на процесот на планирање и аналогно на тоа без предвидувањето не можеме ниту да се обидеме да ја разбереме сета сложеност на денешниот свет, појавите и процесите што се случуваат во него, сложеноста на состојбите и на системите ако не се соочиме со потребата од нивно разбирање и предвидување. Анализирањето на сите аспекти на предвидувањето е мошне комплексна и тешка задача, бидејќи тоа се одликува со голема динамичност, сложеност и специфичност. Поради тоа, проучувањето на предвидувањето првенствено треба да се засновува на негово целосно разбирање и разграничување од другите функции на безбедносниот менаџмент за да се избегне каква било едностраност. Предвидувањето во рамките на овој труд првенствено има неколку значења. Прво, се одредуваат значајни специфики и карактеристики на предвидувањето. Второ, во контекст на согледување на предвидувањето акцентот е ставен на предвидувањето и прогнозирањето. Трето, теоретската експликација се однесува на утврдување на каузалноста на предвидувањето и планирањето за да се согледа дијалектичкиот однос и поврзаноста.

Преземања

Објавено

2023-12-16

Како да се цитира

ПРЕДВИДУВАЊЕТО КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ПЛАНИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА. (2023). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 76(1), 421-432. https://doi.org/10.37510/godzbo2376421b

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>