СИСТЕМ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ИЗРАЕЛ

  • Оливер Бакрески

Abstract

Променетата природа на безбедносните ризици и закани ја услови потребата за редефинирање на безбедносната политика на Израел, но наметна и усвојување нови пристапи за безбедноста. Прифаќајќи ја ваквата реалност Израел мора да се приспособи на новите околности заради заштита на националните интереси и заради остварување на оптимално ниво на безбедност. Адаптирањето на безбедносниот систем во новата безбедносна средина треба да биде израз и резултат на генералната сеопфатна инклузија на сите субјекти што се задолжени за остварување на безбедноста. Во изнаоѓањето оптимален модел за остварување на безбедноста, неопходно е да се започне со согледување на поставеноста и на ефикасноста на безбедносниот систем, притоа прифаќајќи ги реформите во безбедносниот сектор како прифатен концепт што вклучува широка платформа за реализација и конкретизација на одредени задачи за по добру вање на внатрешната структура на безбедносниот систем на Израел.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2022-12-16
How to Cite
Бакрески, О. (2022). СИСТЕМ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ИЗРАЕЛ . Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 75(1), 211-222. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2217