РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ИНСТИТУЦИИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
РЕГИОН, РЕГИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ, РЕГИОНАЛИЗАМ, БЕЗБЕДНОСТ, ЕВРО-АТЛАНСКА СОРАБОТКААпстракт
Региолализмот и региолалната соработка cè повеќе е предмет на интерес на меѓународната политика. Студената војна и деколонизацијата резултира со воспоставување на регионални организации шрум светот, a крајот на студената војна и напредокот на глобализацијата доведоа до таканаречениот нов регионализам, со воспоставување на бројни регионални соработки, обновување и засилување на активностите на постојните, но и создавање на повеќе суб-региолални организации. Значаен дел на оваа поширока појава е безбедносната соработка на државите од регионот. Некои институции, како НАТО, OEБE и Региолалниот форум на АСЕАН, се првенствено безбедносни организации. Многу регионални и субрегионални организации го премостуваат јазот меѓу традиционалните дефиниции за безбедност и нејзините пошироки концепти кои вклучуваат демократија, човекови права и економски и еколошки прашања. И покрај тоа што многу од нив немаат отворено јасна и директна безбедносна улога, сепак се организирани и функционираат така што сe подразбира дека промовираат стабилност, одбегнување на конфликти и колективна одржливост на нивните заедници, користејќи го пред cè охрабрувањето на државите за интеграција како важен фактор за безбедност во региолот. Некои регионални организации, одиграле важна улога во надминувањето на длабоко вкоренети конфликти меѓу нивните членки, придонесуваат за мирољубиви меѓународни односи, превенција и решавање на конфликти помеѓу и внатре во државите и за консолидирање на демократијата и за заштитата на човековите права. Севкупната ефикасност во нивното функционирање е резултат на воспоставување на нови концепциски модели на регионална безбедносна соработка, развивање форми за покривање со најширок распон на современиот безбедносен спектар и комбнирање на безбедлосни со небезбедносни мерки за стратегиски и оперативни цели.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Зорица Салтировска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.