РЕЕДУКАЦИЈА НА ГЕРМАНЦИТЕ ПО ВОЈНАТА – АМЕРИКАНСКИ И БРИТАНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

  • Далибор Јовановски

Abstract

Воените дејства, загубите на човечките животи и посебно суровоста на нацистичките и фашистичките режими и војски предизвикале реакција кај сојузничките влади, јавноста и интелектуалците. Нацистичкиот режим во Германија и неговото делување на севкупен план уште пред почетокот на Втората светска војна предизвикувал првично блага, а подоцна и остра реакција и критика на демократскиот свет. Сепак однесувањето и фанатизмот на германските вооружени сили и нивните злосторства во текот на војната не можеле да не предизвикаат размислувања за тоа како да се справат сојузничките земји, пред сè оние поголемите, со победената Германија. Искуството од Првата светска војна говорело дека германскиот нацизам во основа го имал милитаризмот кој бил присутен насекаде, вклучително и во образовниот процес. Затоа многумина во САД и Велика Британија почнале гласно да размислуваат за целосна промена на германскиот образовен систем и реедукација на Германците по воената победа. Постоела голема дилема околу прашањата како да се изведе таа реедукација, дали да биде опфатена само помладата популација која била изложена на нацистичката индоктринација, како и околу тоа дали Германците, кои биле противници на нацизмот, да бидат вклучени во тој процес. Дебатите се воделе меѓу политичарите, во јавноста, помеѓу научниците. Постепено преовладувал ставот дека прашањето е комплексно и дека некои Германци би требало да бидат вклучени во процесот на реедукација по војната.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Јовановски, Д. (2023). РЕЕДУКАЦИЈА НА ГЕРМАНЦИТЕ ПО ВОЈНАТА – АМЕРИКАНСКИ И БРИТАНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 201-216. https://doi.org/10.37510/godzbo2376201j