ЖИВОТОТ ПОМЕЃУ ТЕХНОФОБИЈАТА И АПСУРДОТ: ЌЕ СТАНАМ ЛИ ТЕХНОФОБ?
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ТЕХНОФОБИЈА, ТЕХНОЛОГИЈА, КАПИТАЛИЗАМ, АПСУРД, СОВРЕМЕНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА, ТЕХНОКРАТИЈА, ВИРТУЕЛНА ТЕХНОЛОГИЈААпстракт
Во основата на зборот техника лежи творењето, но творењето во современата (технолошката) цивилизација ce изразува преку „интерфејс ” на она што постои и она што cè уште не постои; едното бесконечно регресивно, a другото бесконечно прогресивно. Техниката е таа што го „вткајува“ субјектот во еден свет каде што апсурдот и творењето ce многу повеќе реципрочни состојби на самиот настан, отколку на субјектот. Тоа е творење, во смисла на Хусерловото гледање на нетрансцендентна реактивација на минатото, меѓутоа многу е поважно да ce пронајде вредност која ќе ja направи активна сегашноста. Тоа е воедно и парадоксот на технолошката цивилизација- катастрофалната неможност да ce биде или идентичен со себе или различен од себе. Иронијата е во тоа што таква вредност едвам да може да биде замислена, a камо ли исполнета. A тоа е, всушност, мотивот на техниката. He постои некаква голема сила, политичка, морална шпн., која би можела дa ja насочи волјата во сета нејзина потенција. Ce прашувам, не е ли тоа апсурдно?
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Владимир Давчев

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.