Announcements

Повик за трудови

2024-12-28

Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy објавува повик за трудови за својот 21. број кој ќе биде објавен во 2025 година. Поднесоците за 21. број може да се испраќаат до мај 2025 година. Прифатените ракописи прво се објавуваат онлајн како засебни статии (пред да се вклучат во последното издание на списанието), приближно една недела по нивното конечното прифаќање.

Read more about Повик за трудови

Journal Cover

Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy е меѓународно рецензирано научно списание во издание на Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Списанието има за цел да придонесе кон подигнување на критички јавни и академски дебати за прашања од социјалната политика, релевантни на локално, национално, регионално и меѓународно ниво. Списанието опфаќа теми поврзани со пазарот на трудот, животниот стандард, социјалната заштита, социјалното осигурување, образованието, здравството, долгорочната нега, домувањето, семејната политика, социјалната помош, социјалните трансфери, сиромаштијата и социјалната исклученост, антидискриминацијата итн.

 

Поднесување статиии и фреквенција на објавување:

Трудовите може да се достават до Ревијата за социјална политика/Journal of Social Policy во текот на целата година. Трудовите што се прифатени за објавување во периодот од јануари до јули, ќе бидат објавени тековно како првообјавени (OnlineFirst) . Трудовите прифатени за објавување во периодот од август до октомври ќе бидат објавени кон средината на декември. Од 2023 година, Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy се објавува само во електронски формат.

ISSN: 1857-6052

E-ISSN: 1857-8977

DOI of the Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy: https://doi.org/10.37509/socpol

Издавач: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филозофски факултет