Предуслови за појавата на експресионизмот во германскојазичната поезија
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Трудот се занимава со истражување на предусловите за појава на експресионистичката епоха во германскојазичната поезија и со нејзините основни тенденции. Како период во кој е присутна силна критика на културата и на цивилизацијата и во кој субјектот доживува криза на идентитетот, во експресионизмот се испреплетуваат противречни аспекти. Се евидентира распаѓање на вредностите и на човековото Јас, како и потребата за внатрешна преобразба на човекот. Целта на овој труд е да се утврдат аспектите на влијанието на филозофската теорија на Фридрих Ниче врз духовната клима на експресионизмот. Се истражува неговата концепција за нихилизмот и учењето за натчовекот, како и христијанското учење за преобразбата и создавањето на новиот човек. Импликациите на овие концепти се согледуваат во изборот на стихови од Алберт Еренштајн, Курт Хајнике, Валтер Хазенклевер и Алфред Волфенштајн, поместени во антологијата на експресионистичката лирика Зазорување на човештвото.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Benn, G. (Hg.) (1970). Lyrik des expressionistischen Jahrzehnts. Von den Wegbereitern bis zum Dada. München: Deutscher Taschenbuch Verlag GmbH&Co. KG.
Best, O. F. (Hg.) (1976). Theorie des Expressionismus. Stuttgart: Philipp Reclam jun.
Heidegger, M. (1989). Nietzsche. Erster und zweiter Band. Pfullingen: Verlag Günther Neske.
Heidegger, M. (1992). Was heißt Denken?. Stuttgart: Philipp Reclam jun..
Nietzsche, F. (1956). Werke in drei Bänden. München: Carl Hanser Verlag.
Pinthus, K. (Hg.) (1992). Menschheitsdämmerung. Ein Dokument des Expressionismus. Mit Biographien und Bibliographien. Berlin: Ernst Rowohlt Verlag.
Raabe, P. (1965). Expressionismus. Der Kampf um eine literarische Bewegung. München: Deutscher Taschenbuch Verlag GmbH & Co. KG.
Steffen, H. (1965). Der deutsche Expressionismus. Formen und Gestalten. Zweite durchgesehene Auflage. Göttingen: Vandenhoeck & Ruprecht.
Vietta S. /Kemper H-G. (1997). Expressionismus. München: Wilhelm Fink Verlag.
Vogt, P. (1990). Expressionismus. Deutsche Malerei zwischen 1905 und 1920. Köln: DuMont Buchverlag.
Ниче, Ф. (1978). Така зборуваше Заратустра. Скопје: Македонска книга. [Nietzsche, F. (1978). Taka zboruvaše Zaratustra. Skopje: Makedonska kniga.]
(2017). Свето Писмо на Стариот и на Новиот Завет. Скопје: Библиско здружение на Република Македонија. (2017). [Sveto pismo na Stariot i na Noviot Zavet. Skopje: Biblisko združenie na Republika Makedonija.]