СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА КАЈ СРЕДНОШКОЛЦИ ОД МАКЕДОНСКА И ОД АЛБАНСКА НАЦИОНАЛНОСТ
Апстракт
Социјалната дистанца која ce манифестира вo етичките односи ce нарекува етничка и таа го означува прифаќањето на членовите на етничките групи во различни персонални и социјални односи. Таа ги означува интергрупните ставови, подготвеноста за поврзување со разни етнички групи, како и односот помеѓу ставовите кон различните етнички групи.
Основен проблем на ова истражување е да се утврди социјалната дистанца кај средношколците од македонско и од албанско етничко потекло во однос на припадниците на повеќе етнички групи. Истражувањето е извршено на пригоден примерок на средношколци од трета година чиј вкупен број е 251 испитаник од македонска и од албанска националност.
Анализата на положбите што ги зафаќаат конструктите во семантичкиот простор ги поддржуваат наодите добиени за автостереотипите и хетеростереотипиите. На трите фактори македонските средношколци како најдистанцирани во семантичкиот простор ги оцениле Албанците, односно нив ги перципирале како најразлични од сопствената етничка група.
Кај албанските средношколци сликата е нешто поинаква. Tue, иако Македонците ги перципираат како многу поинакви, односно дистанцирани од сопствената етничка група, како најдистанцирани ги оцениле Србите.
Downloads
Авторски права (c) 2013 Софија Георгиевска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.