МИСИИ НА КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН: ТЕСТ ЗА ЗРЕЛОСТА И ДОСТИГНУВАЊАТА НА ЕБОП

  • Сергеј Цветковски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕВРОПСКА БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА, КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ, ЗАПАДЕН БАЛКАН, СТАБИЛИЗАЦИЈА - ИНТЕГРАЦИЈА

Апстракт

Почнувајќи од Амстердамскиот договор, способностите на ЕУ за менаџирање на кризи ce во континуиран развој, при што Западен Балкан е приоритетната област на дејствувањето на ЕБОП во настојувањето на ЕУ да надополни за немоќта при соочувањето со конфликтите на просторите од поранешна Југославија. Од вкупло 28 мисии на кризен менаџмент кои ЕУ ги има преземено низ светот заклучно со 2012 година, шест од нив беа спроведени во Западен Балкан, поточно Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Разликите помеѓу ниб беа во секвенционирањето на активностите, (не)стабилност на локалниот политички контекст, извршноста на мандатите, како и (не)наследувањето од другите меѓународни безбедносни актери. Кај сите овие мисии беа регистрирани проблемите на синџирот на командување, техничките проблеми на снабдување и меѓуинституционалната усогласеност. Дилемата стабилизација - интеграција е тековно неразрешлив проблем прашања. Останува отворено прашањето за широчината до која лекциите извлечени од искуството на Балканот ce научени и применети.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-12-16

##plugins.generic.recommendByAuthor.heading##