КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДРУГАРСТВОТО МЕЃУ ВРСНИЦИТЕ
Апстракт
Најелементарната претстава за „училишното време“ е дека е тоа време на запознавање, дружење и другарување, зближувања u интимни пријателства, симпатии и прва љубов. Па оттука, другарството, во животот на детето и младиот човек, е од суштинско значење, особено за неговиот социјален и емоциоинален развој.
Во овој труд теоретски ce обработуваат карактеристиките на другарството помеѓу врсниците, во периодот нa детството и адолесценцијата. Опфатени ce повеќе карактеристики иа другарството, како што ce: другарството и развојот на социјалните вештини; другарството и задоволувањето на потребите за интимност; другарството и сликата за себе; другарството и потребата од дружење; другарството, помагањето, споделувањето и соработката; другарството и емоционалната сигурност u другарството u чувството на доверливост на другарката врска.
Со истражување на современата стручна литература, во трудот ce прикажани најновите сознанија од теоријата и емпириските истражувања од оваа област.
Downloads
Авторски права (c) 2013 Орхидеја Шурбановска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.