КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ : ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ И ЛИЦА БЕЗ ИНВАЛИДНОСТ
Апстракт
Квалитетот на животот ce однесува на човечките вредности, односно среќа, задоволство, општо чувство на благосостојба и можноста за остварување на сопствените потенцијали. Тој е мултидимензионален феномен составен од основни области кои ce под влијание на личните карактеристики и животната средина.
Целта на овој труд е да ce утврди дали постои разлика помеѓу кеалитетот на живот на лицата со инвалидност и без инвалидност во Република Македонија. Во истражувањето беа вклучени 136 лица без инвалидност и 60 лица со инвалидност. За мерење на квалитетот на животот е користена кратката верзија на прашалникот за кеалитет на животот на СЗО. Резултатите покажаа дека лицата со инвалидност кои учествуваа вο ова истражување субјективно имаат помал квалитет на живот од лицата без инвалидност. Односно, лицата
со инвалидност имаа статистички послаби резултати вο областите психичко
здравје (р=0.0001), социјални односи (р=0.0002) и животна средина (р=0.0002).
Downloads
Авторски права (c) 2016 Даниела Димитрова Радојичиќ

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.