ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ: РАДИОЛОШКА ИЛИ ТОКСИКОЛОШКА ОПАСНОСТ?!
Апстракт
Тековно на нашиов npocmop ce актуелни бројни извештаи за здравствени проблеми и телесни оштетувања, наводно, предизвикани од употребата на осиромашен ураниум при интереенцијата на Алијансата во Сојузна Република Југославија. Извештаите од борбените дејства во Заливската војна во кои била употребена ваквата муниција предупредуваат дека состојбата на бојните полиња и долготрајните ризици за здравјето кај месното население и воените ветерани можат да станат еден од главните проблеми за континуираната употреба на
ОУ за воени цели. Aвmopom ce обидува да покаже дека општата загриженост е само делумно оправдана. Биолошките ефекти на ОУ ce слични, но послаби од оние на природниот ураниум. Cè додека останува надвор од телото, ОУ не претставува значајно загрозување за живиот свет. Иако испитувањата укажуваат дека радијациските ефекти регистрирани во постконфликтните подрачја ce само мал дел од ефектите на природната радијација и дека хемиската токсичност на ураниумот е неговата поголема опасност, сепак, поради општата недоверба со која многу луѓе гледаат на овој (радијациски) проблем, радиолошките и токсиколошките карактеристики на осиромашениот ураниум треба да ce застапат во обуката и едукацијата на цивилите и вооружените сили, како начин за намалување на постоечката параноја. Исто така, за да ce намали и опасноста од ризик, ќе треба соодветно да бидат дистрибуирани знаењето, експертизата и заштитната опрема во области на можна употреба на осиромашен ураниум.
Downloads
Авторски права (c) 2016 Сергеј Цветковски

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.