СПЕЦИФИЧНИ ТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО КАЈ УЧЕНИЦИТЕ - ДИСЛЕКСИЈА

  • Орхидеја Шурбановска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1669201sh
Клучни зборови: ТЕШКОТИИВО УЧЕЊЕТО, ДИСЛЕКСИЈА, УЧЕНИЦИ

Апстракт

Дислексијата е тема за дебата која трае со десетици години и cè уште продолжува да биде предмет на дискусија. Британската асоцијација за дислексија најдобро ja дефинира дислексијата како комбинација на способности и тешкотии кои влијаат на процесот на читање, спелување и пишување. Со нив ce поврзани слабостите како што ce брзина на процесирање на информацијата, краткотрајна меморија, концентрација, секвенционирање и организација, аудитивна и/или еизуелна перцепција, говорен јазик и моторни вештини.
Во нашата земја, македонското Здружение за дислексија „Ајнштајн“ во 2015 година изврши тестирање на 782 ученици од две средни училишта во Скопје. Тестот со кој учениците вршеа самопроцена на дислексијата беше преземен од Листата за проверка на дислексија од авторите Кавклер, Магајна, Кошак Бадуер, Јанзељ, Андрејчик и Земјак. Добиените одговори покажуеаат дека околу 10% од учениците ги манифестираат знаците на дислексија. Овој податок укажува на потребата од дејствување на полето на дислексијата со цел да ce олеснат
тешкотиите во учењето кај учениците со дислексија во Република Македонија.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2016-12-16