Улогата на комуникацијата во етнополитичките конфликти
Апстракт
Трудот ja анализира улогата на комуникацијата во контекст на етнополитичките конфликти. Во таа насока, трудот анализира дали и какео влијание има процесот на комуникација во разбирањето и во разрешувањето на етнополитичките конфликти. Вообичаено, традиционалниот пристап на разрешување конфликти е насочен кон постигнување прифатливи политички договори како инструменти за решавање на конфликтот. Сепак, новите начини на комуникација, посебно на микрониво, го насочија вниманието кон одредени нови прашања и влијанија на оеој план. Повеќето од овие ноеи влијанија ce насочени кон иницирање промена во односите и релациите помеѓу спротивставените страни, наспроти кон постигнување договори. Начелно, станува збор за пристап во решавањето на конфликтот кој ja наметнува потребата од долгорочни комуникации и контакти заради воспоставување постабилни и кооперативни односи. Врз основа на
тоа, анализата во трудот е фокусирана на карактеристиките на етнополитичките конфликти (еклучувајќи ги ниените теориски аспекти, причините, последиците и напорите за нивно решавање), како и на значењето на комуникацијата во разбирањето и решавањето на овие конфликти. Во оваа насока, предмет на анализа во трудот претстаеуваат микро и макронивоата на комуникација и нивната улога во однос на ова прашање.
Downloads
Авторски права (c) 2017 Горан Зенделовски

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.