ЕМПАТИЈАТА КАКО ГЛАВНА КАРАКТЕРИСТИКА НА СОЦИЈАБИЛНОСТА КАЈ ДЕТЕТО И АДОЛЕСЦЕНТОТ
Апстракт
Општествениот живот на човекот е длабоко вкоренет во неговата
личност. Способноста да соработува, да води, да следи, да преговара и да се
грижи за другиот го прави човечкот она што е. Сепак, како точно успева да ги
координира и да ги разбере состојбите и намерите на другите и да ги изразу-
ва сопствените сè уште останува да се разјасни. Земајќи ја предвид природа-
та на емпатијата како потенцијален психолошки мотиватор за помагање
на другите во неволја, логично е таа да се смета за клучен фактор во социјал-
ниот живот на луѓето.
Во овој труд се зборува за емпатијата кај децата и адолесцентите ка-
ко способност која се развива и се учи, но, исто така, има и генетско по-
текло. Но, главната цел е да се испита емпатијата и нејзината поврзаност
со социјабилноста на децата и адолесцентите. Во таа насока, прво ќе се опи-
ше природата на емпатијата и сите фактори што влијаат врз нејзиното
создавање и развој, а потоа ќе се поврзе со однесувањето на детето и адо-
лесцентот со своите врсници и со општеството пошироко. Сите наоди се
базирани на научни истражувања и теории во оваа област.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Орхидеја Шурбановска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.