IN MEMORIAM професор Иван Микулчиќ (25.3.1936 – 26.06.2020)
Апстракт
За извонредните предавања проникнати со безброј духовити детали
и луцидни досетки,
За живописните дебати на различни теми и по разновидни поводи,
За археолошките приказни проткаени со неверојатни искри на ин-
венција и пластичен хумор,
За долгите теренски прошетки низ Стоби и разговорите за стратиг-
рафската амплитуда на Епископската базилика,
За обуката како да се преживее во дивината опкружена со морнича-
вата сенка од волчјо завивање,
За пешачењето кон Скупи и блескавата експозиција на сè што таму
може и не може да се види,
За пријателските сугестии околу професионалната ориентација која
ја дефинира аурата на сечија личност со препознатлив социјален иденти-
тет,
За секогаш достапната љубезност за археолошки и историски дис-
курс,
За фасцинантните коментари на актуелната социополитичка ситуа-
ција која, по дефиниција, претставува ехо на неразрешени дилеми и не-
совладани проблеми од блиското или подалечното минато,
За тоа како треба да им се помогне на медиокритетите да не станат
субверзивни антитела во сензибилното и, честопати, со слаб имунитет,
ткиво на македонската археологија,
За архиепископатот Јустинијана Прима и за неговата растеглива те-
риторијална амплитуда од Таор во Македонија до Лебане во Србија,
Downloads
Авторски права (c) 2020 Елизабета Димитрова
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.