УЛОГАТА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА И УЧЕЊЕТО НА МАТЕМАТИКА ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

  • Ангела Икономоска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2477119i
Клучни зборови: ИКТ, наставен процес, процес на учење, математика, основно образование

Апстракт

Примената на технологијата е составен дел од секојдневниот живот,
оттука развојот и интеграцијата на информациско-комуникациската
технологија (ИКТ) во учењето и наставата се очекувани. Тргнувајќи од
почетоците на технологијата кои се темелат на математиката како наука,
фокусот на интерес во овој научен труд го насочуваме конкретно кон употребата
на ИКТ во наставата и учењето на математика во основното образование.
Акцент ставивме на согледување на влијанието на ИКТ врз наставниот процес
и процесот на учење, како и на примената на ИКТ-алатките во стекнувањето
математички знаења. Целта на оваа систематска анализа е прикажување
на придобивките од интеграцијата на ИКТ во наставата и учењето на
математиката, но и ограничувањата и предизвиците со кои се соочуваат
наставниците и учениците во основното образование.
Врз основа на обемниот преглед на релевантни теоретски и практични
резултати, севкупно сумиравме дека интеграцијата на ИКТ во голем степен
зависи од компетентноста на наставниците за користење на новата
технологија. Позитивното влијание на ИКТ во наставата и учењето по
математика е неспорно, затоа што технологијата ја намалува логистиката во
процесот на планирање и реализирање на наставата, ја зголемува интеракцијата
во училница и го поттикнува учењето на математиката преку визуализација
на апстрактните поими и процеси, не изоставајќи ја можноста за самостојно
учење.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25