РЕФЛЕКСИИ ЗА ПОЛОЖБАТА НА НАСТАВНИКОТ ВО XXI ВЕК НАСТАВНИЧКИОТ ПОВИК Е ПОВЕЌЕ ОД ПРОФЕСИЈА

  • Јасмина Делчева Диздаревиќ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2477077dd
Клучни зборови: образование, наставник, компетенции

Апстракт

Овој труд ја анализира положбата на наставничката професија во рам-
ки на пошироката општествена стварност во XXI век, со особен осврт на со-
времениот македонски педагошки и општествен контекст. Трудот најпрво
дава сумирано претставување на неколку централни пунктови поврзани со
наставничката професија во современото општество: 1. Интерпретација на
овогодишната тема на УНЕСКО: „Трансформацијата на образованието почну-
ва со наставниците“; 2. Консултирање на неколку теории кои даваат поширо-
ка перспектива на наставничката професија генерално (Конрад Лисман, Џорџ
Штајнер, Џон Дјуи и Џером Брунер); 3. Критика на негативната тенденција
наставничката професија да се толкува од гледна точка на пренос на информа-
ции, а не во рамки на поширокиот воспитно-образовен процес, како што тоа
го налага теоријата и историјата на педагогијата. Остатокот од трудот се
занимава со применување на генералните педагошки и филозофски теории врз
македонскиот современ контекст во дијалог со специфичната македонска пе-
дагошка традиција. Трудот посветува особено внимание на „Концепцијата за
основно образование“ (2021) којашто е интерпретирана како обид да се реин-
терпретира и рехабилитира положбата на наставникот во современото маке-
донско образование.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25