ЌЕРКИТЕ ЧОВЕЧКИ И СИНОВИТЕ БОЖЈИ: ПАДОТ НА АНГЕЛИТЕ И (НЕ)ПОКРИВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ СПОРЕД ТЕРТУЛИЈАН

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2477043t
Клучни зборови: Тертулијан, паднати ангели, девици, жени, покривање

Апстракт

Во текстот се изложени ставовите на Тертулијан за катастрофалното
спојување (преку склопување на брак) на ќерките човечки со синовите божји од
приказната за паднатите ангели. Произведеното потомство е ужаснувачки
опасно по човековиот род на земјата, и затоа, целта на Тертулијан е да се спречи
каква било реактуализација на таквиот поразителен настан. Тој го изложува
ова преку позицијата за примордијалната грешност на жената и вината
на убавите ќерки човечки, кои со својата нескромна и непокриена убавина ги
соблазниле ангелите до тој степен, што предизвикале да ги напуштат нивните
небесни живеалишта и функции, и да се симнат на земјата, на тој начин
нарушувајќи го поредокот во светот, и носејќи им на луѓето знаења и разновидни
проблематични способности, од кои најзли биле оние кои биле најпривлечни
токму за жените.
Целта на Тертулијан е да инсистира на неопходноста за покривање
на жените, особено девиците, затоа што тие биле проблематичните ќерки
човечки од приказната, за да не бидат опасни по чедноста на мажите, и особено,
по невиноста, моралноста и онтолошката стабилност на ангелите, но и по
уреденоста на црковната заедница. Ова е покажано низ неговата полемика
против Маркион, и низ спротивставувањето на обичаите на непокривање
на дел од жените во рамките на црквата. Низ одбрани примери од опусот на
Тертулијан се покажани инстанциите во кои тој го споменува мотивот на
паднатите ангели преку вината и грешноста на ќерките човечки, и потребата
за спречување на каква било слична трансгресија.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25