СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ: КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЕРМАНИЈА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (АНАЛИЗА НА СТУДИИ НА СЛУЧАЈ)

  • Македонка Радуловиќ
  • Ирена Авировиќ Бундалевска
Клучни зборови: семејство, семејна поддршка, Германија, Република Северна Македонија, социјална поддршка

Апстракт

Овој труд ги анализира семејствата во современиот глобален свет, нивната положба и семејната поддршка која ја добиваат во две различни држави. Анализата се врши преку неколку аспекти. Првиот аспект се индикаторите поврзани со семејствата како на пример: брак, развод, наталитет, актуелната стапка на смртност на новороденчиња во двете држави, фертилитет и животен век. Вториот аспект е квалитативно истражување на четири студии на случај. Ќе се истражуваат четири семејства, две од Германија и две од Македонија, со различни животни приказни. И третиот аспект е анализа на анкетен прашалник на 30 испитаници. Преку ова истражување ќе се направи споредба за тоа каков е животот на семејствата во овие две земји и каков е начинот на постапување на двете држави кон семејствата. Основната хипотеза е дека семејствата во Германија имаат подобри услови за живот отколку семејствата во Република Северна Македонија. Преку анализата на индикаторите и анализата на студиите на случај ќе може да се заклучи која земја нуди подобри услови за развој на семејствата, обезбедува подобра семејна поддршка и поефикасно справување со семејните проблеми.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2022-12-16
Како да цитирате
Радуловиќ, М., & Авировиќ Бундалевска, И. (2022). СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ: КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЕРМАНИЈА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (АНАЛИЗА НА СТУДИИ НА СЛУЧАЈ). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 75(1), 541-553. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2242