Домувањето во руралните општини во РМ: Примерот на Желино

  • Али Пајазити Факултет за jавна администрација и политички науки ЈИЕ – Универзитет, Тетово
  • Агрон Рустеми Факултет за jавна администрација и политички науки ЈИЕ – Универзитет, Тетово

Abstract

Домувањето отсекогаш имало големо значење во социјалната политика како
фактор којшто е директно поврзан со квалитетот на живеење на населението,
нивното општо здравје и функционирање. Во статијата се анализираат
различните теоретски пристапи на поимот домување, се фокусира важноста
на квалитетот на домувањето за нормален рурален и урбан живот, се
дава и еден социолошки осврт врз улогата на домувањето во општата
благосостојба на населението.
Во текстот освен општиот дел се анализира и квалитетот на домувањето
во Република Македонија, со посебен осврт на општина Желино која
се наоѓа во Полошкиот регион и во подножјето на планината Сува Гора.
Општината е составена од 17 населени места (села) со вкупно 24.390 жители
(податоците се земени од последниот Попис од 2002 г.). Се употребува
акционо истражување, што подразбира анализа на статистички податоци кои
се надополнуваат со емпириското истражување на терен, преку анкетирање
и интервју за тоа колку населението во овој регион е задоволно од условите
на домување, дали и колку е задоволно со другите фактори коишто директно
имаат влијание врз квалитетот на домувањето, како што се: патиштата,
уличното осветлување, канализацијата, електричната енергија, итн. Имајќи
предвид дека се работи за општина којашто се простира на 199 км², во
која некои од селата се во планински предели и физички се поизолирани
од другите села, се истражува и фактот дали и колку општинските власти
се спремни да му обезбедат еднакви услови на ова население, наспроти
населението што живее во подостапните делови на општината.
Темата е актуелна затоа што директно е поврзана со квалитетот на живеење
на дел од населението во Република Македонија, што може да го привлече
вниманието како на научните кругови, така и на пошироката јавност.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2010-08-04
How to Cite
Пајазити, А., & Рустеми, А. (2010). Домувањето во руралните општини во РМ: Примерот на Желино. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 3(6), 526-536. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2153