Поимање, карактеризација, класификации и индикатори на социјалната исклученост во домувањето во Македонија
Abstract
Овој труд ја третира социјалната исклученост во домувањето, како комплексен социјален феномен со сопствена карактеризација, класификации
и индикатори, сите во силна корелација со останатите форми на социјална
маргинализација.
Според пристапот елабориран во трудот, социјалната исклученост во домувањето е последица на три основни бариери - економската, социо-културната и правната, кои, истовремено, се ставаат во релација со лицата
кои по овaa основa се соочуваат со социјалната исклученост, но и со локалитетите за живеење кои се сегрегирани заради определен сплет на
социјални околности.
Во недостаток на прецизно развиени индикатори кои посочуваат на социјална исклученост во домувањето во Македонија, трудот презентира индиции кои реферираат на супстандардното и сиромашното домување, го
ограничуваат пристапот до стан и извори на финансирање за унапредување
на домувањето, или имплицираат правна несигурност која произлегува од
нефoрмалниот карактер на домувањето.
Поимањето на социјалното домување како компензирачки механизам на
социјалната исклученост во домувањето, исто така, е предмет на интерес
на трудот. Набележано е дека се работи за концепт кој во Македонија е
разбран на различни начини и носи ризици од погрешни интерпретации,
но и дека од нормативната рамка за домувањето која е во создавање се
очекува да не се ограничи на проектите за изградба на социјални станови
во државна сопственост наменети за специфични целни групи, туку да се
отвори за интегрален пристап кон намалување на сиромаштијата и
социјалната исклученост во домувањето.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.