НОВИОТ СИСТЕМ НА БРУТО ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВИТЕ МОЖНИ ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД

  • Ванчо Узунов вонреден професор Правен факултет “Јустинијан Први” Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје

Abstract

Во овој осврт се разгледани некои од можните импликации
од воведувањето на системот на бруто плати и интегрираната
основица за засметување на задолжителните социјални
придонеси во Република Македонија. Вниманието е особено
сконцентрирано врз намалените стапки на задолжителните
соци­јал­ни придонеси кои, во рамки на постојните издвоени
средства од страна на работодавачите, рез­ул­ти­раат со
заштедени средства. Заш­те­дените средства се како резултат
на намалените трошоци на работна сила.
Наодите од овој осврт во однос на намалените трошоци
на работна сила, упатуваат на економската логика која,
првенствено, е ба­­зи­рана врз економската кал­ку­ла­ција кај секој
работодавач од­дел­но. Деловните проекции на се­кој одделен
работодавач ќе одлучат дали продуктивноста на вработените
остава простор за нивно стимулирање преку зголемување
на платите. Кај други работодавачи, калкулациите ќе бидат
тие што ќе упатат на аплицирање на опцијата за заштедени
средства, или опцијата на отворање нови работни места, или,
пак, некоја сосема друга опција.
Темата е актуелна како за стручните кругови, така и за
широката јавност, бидејќи третира едно од егзистенцијалните
прашања, како што се платите.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2008-12-01
How to Cite
Узунов, В. (2008). НОВИОТ СИСТЕМ НА БРУТО ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВИТЕ МОЖНИ ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 1(2), 123-132. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2142