Децентрализација на здравствената заштита во делот на менталното здравје - отпочнување на процесот на дехоспитализација

  • Иван Трајков Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски факултет Институт за социјална работа и социјална политика

Abstract

Согледувањето на проблемите и негативностите на централизираниот систем на ментално здравствената заштита отвори можност за отпочнување
на реформи во оваа област кои значеа децентрализација на заштитата и
деинституционализација/ дехоспитализација на лицата со психички растројства, нивно враќање во природната средина - заедницата и продол­жување на лекувањето и грижата во рамките на оваа средина. Дехоспитализацијата посебно се фокусира на реинтегрирањето на корисниците
на ментално-здравствените услуги во општеството, на нивно трансформирање од пациенти, во корисници на ментално-здравствена заштита и
нивното повторно вклучување во општеството. Всушност, визија на дехоспитализацијата и психосоцијалната рехабилитација е во целост да обезбеди
враќање на пациентот во општеството, негова социјална инклузија, преку:
сензибилизација на локалните власти, создавање нови законодавни прописи,
надминување на старите азили, воспоставување сеопфатни служби за ментално здравје во заедницата.
Психосоцијална рехабилитација, исто така, значи и активирање на ресурсите
на зедницата, вклучување на семејствата во процесот на рехабилитација, развивање индивидуални програми за рехабилитација, заедно со корисниците
на рехабилитацијата.
Дехоспитализацијата претставува алтернатива на класичната, хоспитална
ментално-здравствена грижа. Развивањето концепт за здравствена заштита
во менталното здравје во заедницата, којшто претпоставува сеопфатна ревизија на постојните психијатриски служби насочени кон воспоставувањето
потесни врски со корисниците во заедницата, истовремено со лесен пристап, зголемен квалитет на услуги и подобра социјална интеграција и намалување
на стигмата, претставува императив на денешното време.
Целта на овој приод е подобар квалитет на услугите и квалитативно подобрено унапредување и превенција во менталното здравје.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-07-10
How to Cite
Трајков, И. (2020). Децентрализација на здравствената заштита во делот на менталното здравје - отпочнување на процесот на дехоспитализација . Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 3(5), 457-467. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2139