Практики на домување кај лицата со интелектуална попреченост: Служби за домување со поддршка во заедницата
Abstract
Со појавувањето на т.н. „социјален модел“ во текот на 20 век, кој е спротивен
на претходниот доминантен „медицински модел“, се отпочна промовирањето
на правата на лицата со попреченост и нивна вклученост во општеството. Овој
холистички модел, карактеристичен за земјите од Западна Европа, полека се
развива и во земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Развојот на социјалниот
модел (служби за домување со поддршка во заедницата) претставува
алтернатива за институциите за долгорочен престој на лицата со попреченост
и е од суштинско значење за постигнување вистинска социјална вклученост.
Промовирањето на социјалната вклученост и почитувањето на човековите
права се дел од основните компоненти на членството во Европската Унија.
Тоа значи дека лицата со попреченост имаат можност да ги остварат своите
фундаментални права, да направат сопствен избор, да стекнуваат нови
вештини, да развијат односи со други луѓе и да добијат поддршка соодветна
на нивните индивидуални потреби.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.