КОВИД-19: ВЛИЈАНИЕТО НА ПАНДЕМИЈАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Abstract
Пандемијата на КОВИД-19, од почетокот на 2020 година до крајот, директно влијаеше на здравјето и на општата благосостојба на лицата со попреченост. Поради институционални бариери, за време на КОВИД-19 кризата, лицата со попреченост се соочија со сериозни предизвици. Во Македонија нема точни податоци за тоа како КОВИД-19 пандемијата влијаела на животот на лицата со попреченост. Целта на ова истражување беше да се документира влијанието на КОВИД-19 врз македонските лица со попреченост. Според резултатите од ова истражување, примарен извор на поддршка на лицата со попреченост биле нивните семејства (72,3 %). Пријателите беа помалку посочени како извор на поддршка (19,6 %). Од вкупно 112 лица со попреченост, опфатени во ова истражување, 41,1 % одговориле дека имале намалена социјална интеракција поради пандемијата. Генерално, повеќето лица со попреченост изјавија дека биле загрижени за дополнителните трошоци за храна и лекови, и дека се плашеле од можната инфекција со КОВИД-19.