СЕМЕЈНИ ЖИВОТНИ ЦИКЛУСИ НА СЕМЕЈСТВО СО ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Автори

  • Ангелка Кескинова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

семејни животни циклуси, дете со попреченост, социјална изолација, родителска поддршка

Апстракт

Семејните животни циклуси претставуваат фази на развој низ кои поминува едно семејство, обележани со промени во структурата, улогите и одговорностите. Семејствата со дете со попреченост се соочуваат со уникатни предизвици кои можат да ги продолжат, скратат или целосно да ги исклучат одредените фази од овие циклуси. Овој труд ги разгледува специфичните искуства на овие семејства, почнувајќи од фазата со новороденче до остарено семејство.
Во фазата со новороденче, родителите доживуваат интензивни емоции како шок, тага и неизвесност поради дијагнозата на попреченост, соочувајќи се со дополнителни обврски како медицински прегледи и рани интервенции. Ова често води до социјална изолација и оптоварување на брачните односи. Во предучилишната фаза, децата со попреченост покажуваат побавен развој и поголема зависност, што ги продолжува родителските обврски и ја отежнува транзицијата кон училишно образование поради ограничена инклузивност. Во училишната фаза, семејствата се соочуваат со предизвици во изборот на соодветно училиште, административни бариери и потреба од индивидуални образовни планови, додека социјалните бариери дополнително ја комплицираат неговата инклузија. Во адолесцентната фаза, потребата за автономија е отежната, предизвикувајќи емоционални тешкотии. Во лансирачката и фазата на празно гнездо, родителите остануваат во интензивна родителска улога, со анксиозност за иднината на детето и недостиг на поддршка. Системската поддршка, вклучително инклузивното образование и мрежите за поддршка, е клучна за подобрување на квалитетот на живот на овие семејства.

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

СЕМЕЈНИ ЖИВОТНИ ЦИКЛУСИ НА СЕМЕЈСТВО СО ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 637-649. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)