ПОДДРШКА И ЕДУКАЦИЈА ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ: ИСТРАЖУВАЊЕ НА РОДИТЕЛСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ И ПРЕПОРАКИ

  • Ангелка Кескинова

Abstract

Родителството на дете со попреченост е исполнето со уникатни предизвици и бара дополнителна грижа и внимание. Родителите играат клучна улога во промовирање на развојот на нивното дете, стимулирање на нивната независност и негувањето на севкупна благосостојба.

Истражувањето има за цел да ја испита адекватноста на ресурсите и поддршката што им се достапни на семејствата на деца со попреченост, како и перцепцијата на родителите во однос на овие аспекти. Како инструмент за истражување беше користен специјално дизајниран прашалник составен од 21 прашање, дистрибуиран до семејствата преку Гугл форма. Примерокот за истражување беше пригодени опфати 250 родители на деца со попреченост.

Наодите од истражувањето откриваат широко распространето незадоволство кај родителите во однос на институционалната поддршка. Резултатите покажуваат дека значително мнозинство од родителите (80%) не добиваат соодветна институционална поддршка, додека само 1 % изјавиле дека ја добиваат. Понатаму, ниту еден родител не пријавил дека е задоволен од координацијата меѓу медицинските, образовните и социјалните институции, при што 56% изразиле незадоволство, а 44% укажуваат на делумно задоволство.

Оваа студија ја нагласува потребата од подобрена координација меѓу различните институции, зголемено образование на родителите и обезбедување на сеопфатни услуги за поддршка со цел да се обезбеди подобар квалитет на живот на семејствата на децата со попреченост.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Кескинова, А. (2023). ПОДДРШКА И ЕДУКАЦИЈА ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ: ИСТРАЖУВАЊЕ НА РОДИТЕЛСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ И ПРЕПОРАКИ. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 855-865. https://doi.org/10.37510/godzbo2376843k