АНАЛИЗА НА ПОСТОЕЧКАТА СОСТОЈБА СО ПРОЦЕСОТ НА ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ФОКУС НА 10 ОПШТИНИ
Abstract
Системот за социјална заштита на Република Македонија се состои од центри, институции, мерки, активности и норми реализирани во рамките на остварувањето на правата и обезбедувањето услуги на граѓаните во областа на социјалната заштита. Системот се надградува преку експертиза на центрите за социјална заштита (кои спроведуваат развојни програми и работат на професионална специјализација на работниците во зависност од потребите на корисниците и меѓународните стандарди), следење на состојбите и планирање на работата, водење евиденција како и спроведување надзор и истражување во оваа област.
Процесот на деинституционализација на лицата со попреченост ќе биде невозможен без силна мрежа на даватели на услуги, приватниот сектор од тој регион, бидејќи двете се релевантни засегнати страни за развој на модели на образование, вработување, социјални и здравствени услуги кои се во функција за да се олесни независното живеење на лица со попреченост.
Преку овој пристап, развиени се приспособени модели, кои се однесуваат на потребите на целните лица од институциите, како и претставници на лицата со попреченост, во сите десет општини и тие треба да бидат вклучени во националните политики. Поконкретно, со приспособување на протоколи, упатства, модули за обука за да се обезбеди пристапност и прифатливост на услугите за лица со попреченост во над 10 споменати општини, ќе се отстранат бариерите за постојните услуги и ќе се постигне највисоко можно ниво на услуги за лица со попреченост.