УКРАИНСКАТА КРИЗА КАКО ГЛОБАЛЕН БЕЗБЕДНОСЕН ПРЕДИЗВИК

  • Рина Киркова
  • Ненад Танески

Abstract

Руската инвазија на Украина – најтешката безбедносна криза во Европа во последните децении, ја поттикна ЕУ да донесе одлуки без преседан за безбедноста, одбраната и проширувањето на ЕУ. За прв пат се донесени одлуки за испорака на смртоносно оружје на трета земја и одлуки за зајакнување на одбранбената соработка во услови на нова перцепција за заканата. По прв пат се активираше Директивата за привремена заштита од 2001 година, со која се доделува привремен престој на украинските бегалци. Огромната поддршка за резолуцијата на ОН со која се осудува руската инвазија јасно ни докажува дека државите ширум светот на инвазијата гледаат како напад на глобалните норми. Сепак, креаторите на политиката во одредени држави, ја менаџираат кризата од аспект на нивниот национален интерес. Во овој труд ќе бидат анализирани разликите во регионалните и националните ставови во однос на настаните во Украина, односно геополитичките, економските и безбедносните фактори кои влијаат во донесувањето на одлуките за справување со украинската криза.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2022-12-16
How to Cite
Киркова, Р., & Танески, Н. (2022). УКРАИНСКАТА КРИЗА КАКО ГЛОБАЛЕН БЕЗБЕДНОСЕН ПРЕДИЗВИК. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 75(1), 323-336. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2226