УКРАИНА ПОМЕЃУ НАТО И РУСИЈА
Abstract
Во изминатите две децении Украина значително ги продлабочи односите со НАТО. По заземање на Крим и поттикнување конфликт во источниот украински регион наДонбас во 2014 година од страна на Русија, интересот за влез во НАТО од страна на Украина особено се засили. Според анкетите на јавното мислење во Украина, членството во Алијансата е критично за безбедноста на државата. Од друга страна пак, понатамошното проширување на НАТО на исток, Русија го прикажува како главна закана по нејзината национална безбедност. Моменталните случувања на теренот и тековната војна помеѓу Украина и Русија ќе влијае на ставот на НАТО кон перспективите за членство на Украина во Алијансата. Потенцијалот за понатамошна ескалација на војната во Украина е значаен, иако поголема е веројатноста војната да се разгори и насочи кон украинските сили и цивилното население, но и веројатноста за вклучување во конфликтот од страна на западните сојузници е сè поизвесна. Украинските власти ќе мора да ги ограничат своите очекувања за членство во НАТО и да се фокусираат на максималната соработка соАлијансата.