НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОКОД КИНЕСКА ПЕРСПЕКТИВА

  • Горан Зенделовски

Abstract

Денес, луѓето, државите и меѓународните организации се чувствуваат позагрозени и понесигурни, многу повеќе отколку во минатото, а тоа придонесе до зголемување на потребата за безбедност и воспоставување на нов поредок и правилапреку кои успешно ќе се решаваат проблемите во светот.Една од водечките држави е НР Кина која зазема сè поголем удел на глобалната сценаи настојува да ја намали доминацијата и улогата на САД и на европските земји. Подемот на Кина како економска, безбедносно-воена и информатичкотехнолошка сила придонесе до преместување на тежиштето и центарот на моќ од Запад кон Исток, а се создадоа можности и други азиски земји да најдат свое место и улога и да бидат важен субјект во новата меѓународна структура.

Со вклучување на нови актери на меѓународната сцена се менува балансот на силите и се наметнуваат нови правила на игра спротивни од западните земји. Од „новите менаџери“ се очекува поголема одговорност и влијание во реформирањето на постоечките меѓународни институции, како и редуцирање на факторите кои предизвикуваат нестабилност и водат кон анархичен светски поредок. Меѓутоа, заради различните вредности, интереси и цели што ги промовира НР Кина, се очекуваат редица безбедносни импликации од меѓународен карактер, интензивирање на геополитичките и геоекономските ривалства, поларизација, појава на нови ризици и опасности,и зголемена напнатост помеѓу големите сили.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Зенделовски, Г. (2023). НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОКОД КИНЕСКА ПЕРСПЕКТИВА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 471-483. https://doi.org/10.37510/godzbo2376471z