БЕЗБЕДНОСНО - РАЗУЗНАВАЧКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Горан Зенделовски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Александар Павлески

Abstract

Светот во 21 век се докажа како опасно и ризично место за живеење полно со непрeдвидливи закани и ризици кои варираат по форма и интензитет на манифестирање. Поради непредвидливата траекторија по која се движат опасностите се јавува потребата од добивање навремени, точни и проверени разузнавачки податоци за состојбите во одредени региони и држави. На тој начин се развија современите разузнавачки служби чија примарна улога е заштита на државата и нејзините витални интереси од различни видови на безбедносни закани и ризици. Оттука ќе го анализираме процесот на реформи на безбедносно–разузнавачкиот сектор како важен сегмент за интеграција на РС Македонија во евроатлантските структури. Воедно ќе ги согледаме местото и улогата што безбедносните и разузнавачките служби ги имаат како клучни субјекти во системот за национална безбедност на Република Северна Македонија за преземање превентивни и репресивни мерки во борбата против современите закани, како и нивните законски надлежности во областа на безбедноста и разузнавањето.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2021-12-16
How to Cite
Зенделовски, Г., & Павлески, А. (2021). БЕЗБЕДНОСНО - РАЗУЗНАВАЧКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 399-409. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2339