СОВРЕМЕНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИ КРИЗИ

  • Горан Зенделовски

Abstract

На прагот од третата деценија на 21 век безбедносната парадигма поврзана со предизвиците, ризиците и заканите се здоби со значително нови карактеристики. Во таа рамка се изменија геополитичките, воените, економските и еколошките фактори кои ја одредуваат безбедносната реалност во меѓународната заедница и државите. Силите кои ги поттикнаа промените произлегоа од динамиката на процесите на интернационализација и глобализација, а истите беа тригер за продлабочено и пошироко анализирање на безбедноста во современиот меѓузависен свет.

Сложеноста произлегува од тоа што современите безбедносни ризици и опасности во многу аспекти се разликуваат од поранешните ризици по тоа што се непредвидливи, тешко се контролираат и одредуваат нивните причини, потекло и ефектите кои можат да ги предизвикаат. Ризиците и заканите денес варираат по форма и интензитет на манифестирање од глобална пандемија до војна на европско тло, можна конфронтација меѓу суперсилите, трка во вооружување, нееднаквост, бегалски, мигрантски, финансиски и енергетски кризи, глобални климатски промени и кибер-напади. Очигледно е дека создадовме ризици и опасности со кои не се соочила ниту една претходна генерација. Ваквото изменето безбедносно окружување го зголеми чувството на беспомошност и бескрајна потрага по безбедност и заштита од новите мултимодални ризици и опасности. Од тие причини, ќе ја анализираме класификацијата на глобалните ризици, како и видовите на безбедносни ризици со кои се соочуваат одредени држави.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2022-12-16
How to Cite
Зенделовски, Г. (2022). СОВРЕМЕНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИ КРИЗИ . Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 75(1), 267-279. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2221