ЗА ВОЈУВАЊЕТО
Abstract
Преиспитувањето на феноменот на војната го правиме со анализа на трите главни филозофии за војната, со споредување на пристапот кон поимот за војна во современите безбедносни студии, преку разгледување на главните трендови на војување по 1945 година и изменетата природа на војувањето. Авторот ги одговара прашањата за: Тоталната војна; односот на глобализацијата и војната; новиот тип војни; и т.н. западен начин на војување. Во анализата на војувањето се потенцираат изменетиот концепт на бојното поле, политичкиот наратив на војувањето, како и ревитализацијата на нуклеарното оружје и заканата. Истражувањето на процесот на војувањето не може да го избегнат културниот, правниот и политичкиот пристап на војната. Останува проблематично од методолошки аспект утврдувањето на прецизна статистика за вооружените конфликти и индиректно загинатите кои претставуваат најбројна категорија на починати.