КУЛТУРА НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО ВО ДАНСКА
Abstract
Анализата за заштитата и спасувањето во Данска, во односот кон транснационалната динамика и компатибилноста или неусогласеноста на цивилната одбрана со концептите за државност, граѓанство или национална цел - овозможува споредба за развојот на националната цивилна одбрана на Запад за време на Студената војна. Заштитата и спасувањето во Данска се пример за еволуција на системот за цивилна одбрана. Авторот се обидува да укаже на функционалноста преку замислата, конструкцијата, усогласеноста, правната поткрепа но и достапните критики на системот за заштита и спасување. Размислувањата се околу навременоста на концепцијата, легитимноста и презентирањето пред јавноста на цивилната одбрана. Се поставуваат прашањата за успешноста на методите за обука на стручниот персонал и волонтерите како и подучувањето на пошироката јавност; за репродуцирањето и материјализирањето на политичките и културните наративи за благосостојба и војување; за поствоеното урбаното планирање; и за засолништата како материјална и психолошка потпора. Достапните податоци укажуваат дека континуираниот развој на цивилната одбрана во Данска во Студената војна и цивилната заштита во децениите по неа, резултира со систем кој претставува пример за концепциски, структурна и функционална поставеност на модерен и ефикасен систем за заштита и спасување.