Најавете се или Регистрирајте се за да поднесете.

Како дел од процесот на поднесување, авторите треба да проверат дали статиите за поднесување ги исполнува сите следни критериумите бидејќи поднесените статии може да им се вратат на авторите кои не ги почитуваат овие упатства.

  • Поднесената статија не е објавена претходно и не доставена до друго списание за разгледување (или е доставено објаснување во делот за Коментари до уредникот).
  • Датотеката за поднесување е во формат OpenOffice, Microsoft Word или RTF.
  • Наведени се врски во референците, таму каде што се достапни.
  • Текстот е со единечен проред, фонтот е со 12 точки, се користи текст во италик наместо подвлечен текст (освен кај УРЛ-адресите) и сите илустрации, графикони и табели се ставени во рамките на текстот на соодветни места, а не на крајот.
  • Текстот ги исполнува барањата за стил и библиографија што се наведени во Упатствата за авторите.

Преземи упатство: македонскирусский | polski | čeština

 

Упатството за техничкото уредување на текст за списанието Славистички студии

Обем на трудот: Трудовите се ограничени на 10 страници, напишани со фонт Times New Roman со соодветна поддршка, големина на знаците 12проред 1 (single).

 

Почетна страница

Во горниот лев агол треба да стои име и презиме (презимето со големи букви), назив на институција, град, земја, пример:

Никола НИКОЛОВСКИ

Филолошки факултет „Блаже Конески“

Скопје, Македонија      

 

Насловот треба да биде во централна позиција со големи букви, а под насловот треба да стои Апстракт и Клучни зборови (до 5 зборови) со големина на знаците 10 и болдирано.

Апстракт: Рефератот ќе опфати анализа на преводни текстови од полски на македонски јазик, со посебен осврт на модулантите, односно партикулите, сврзниците, модалните зборови, проблемите кои настануваат при нивниот превод, нивните еквиваленти во другиот јазик и „непреводливоста“ на некои од нив, а особено промената на значењето што тие го внесуваат во текстот.

Клучни зборови: превод, партикули, полски, еквиваленти, анализа.

 

Парафразирање и цитирање

Кога се цитира, се парафразира или се упатува на некој автор/текст, изворот треба да се наведе во текстот, а не во белешките под него.  Пожелно е да не се користат белешки, воопшто. Ако се користи трудот како целост, во текстот се наведуваат презимето на авторот и годината на издавањето; на пример, (Конески 1999). Ако се цитира, треба да се наведе и страницата; на пример, (Минова-Ѓуркова 2003: 49).

Список на користена литература и список на извори: На крајот од трудот, треба да се наведе список на користената литература (под наслов Користена литература), а и список на изворите (ако трудот содржи ексцерпирани примери). Списокот на користената литература мора да има целосни податоци за сите трудови (на кои се упатува, кои се парафразирани, цитирани итн.). Трудовите на кирилица и латиница се даваат издвоено, и тоа најпрво тие на кирилица, па оние на латиница.

Трудовите се наведуваат по азбучен/абецеден ред (презимето на авторот) и по хронолошки ред (ако има повеќе трудови од еден автор)и не се нумерираат. Кога еден автор има и самостојни и коавторски трудови, прво се наведуваат самостојните, а потоа коавторските. Насловите на книгите и списанијата треба да бидат напишани во курзив, насловите на трудовите објавени во списанија или зборници треба да бидат ставени во наводници. Речници или друг вид книги кои се дело на повеќе автори се даваат само со насловот и со бројот на томовите што се користени.

Користените извори треба да се наведат во посебен наслов Извори по делот Користена литература на ист начин како во делот Користена литература.

 

Пример за наведување книги, статии и зборници

Книга

на кирилица:

Конески, Б. 1981.  Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура

Угринова-Скаловска Р. 1969. Значењата на глаголските префикси во македонскиот јазик, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 127 стр.

на латиница:

Langacker, R. 1987. Foundations of cognitive grammar. Vol.1: Theoretical Prerequisites. Stanford.

 

Статија во списание или во зборник

Цветковски, Ж. 1982. „За двојниот сврзник не само - туку и, Литературен збор XXIX/4, 104-107.

Friedman, V. 1980. “The Study of Balkan Admirativity: Its History and Development”, Balkanistica 6. 7–30.

 

Речници

Толковен речник на македонскиот јазик. Ред. Кирил Конески, I–VI. Скопје:  Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003–2014.

Мургоски, Зозе. 2011. Толковен речник на современиот македонски јазик. Второ проширено и преработено издание. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.

 

Резиме: На крајот од статијата или под Користена литература треба да стои кусо резиме на англиски јазик со име и презиме на авторот и наслов на трудот.