Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs
Славистички студии е меѓународно славистичко списание од областа на хуманистичките науки кое што го издава Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ISSN: 2955-232X (онлајн издание) ISSN: 0352-3055 (печатено издание)

DOI: https://www.doi.org/10.37834/SS
Катедра за славистика, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје mk-MK Славистички студии 0352-3055 Биографија и библиографија на проф. Германија Шокларова-Љоровска https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2460

Германија Шокларова-Љоровска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-03-21 2024-03-21 22 15 26 10.37834/SS2222015shlj Успехот и неуспехот во македонската и во хрватската фитонимска фразеологија https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2464
Во овој труд се анализираат македонски и хрватски фитонимски фразеолошки изрази кои му припаѓаат на концептот (не)успех. Фразеолошката граѓа врз која е сработено истражувањето е фразеографска, односно фразеолошките изрази се ексцерпирани од Фразеолошкиот речник на македонскиот јазик и од Хрватскиот фразеолошки речник. Пред отпочнувањето на истражувањето дадени се хипотези, по што следува семантичко-концептуална и анализа на меѓујазична еквиваленција на фразеолошката граѓа. Целта на истражувањето е да се даде придонес во проучувањата на фразеологијата на македонскиот и на хрватскиот јазик, но и на контрастивната фразеологија на овие два јазика.
Тиана Лакосељац Жељка Мацан Биљана Стојановска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-03-29 2024-03-29 22 29 41 10.37834/SS2222029l Конекторите како елементи на текстот и проблемите на нивниот превод од полски на македонски јазик https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2466
Во текстот се разгледува улогата на конекторите во прагматичната кохерентност на текстот. Целта е да се издели инвентарот на конекторите во двата јазика и да се разгледаат нивните еквиваленти. Се обрнува внимание на преведувањето на конекторите од еден јазик на друг.
Максим Каранфиловски Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 43 48 10.37834/SS2222043k ГОРДОСТ и СМИРЕНИЕ https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2467
Цел на нашето истражување ќе биде семантичкото поле на добродетелта достоинство, со лексемите што ѝ се сродни и спротивставени (гордост, грд, убав, смирен, смерен, одмерен). Со оглед на тоа што станува збор за добродетел, анализата ќе ја вршиме во философско-богословски контекст. Ќе ја земеме предвид и етимолошката анализа на лексемите и импликациите што ги донесува етимологијата на лексемите на семантички план и на планот на збогатувањето на речникот. Анализата ќе ја вршиме и врз основа на употребата на лексемите од ова семантичко поле во контексти на современиот македонски јазик и книжевност.
Виолета Николовска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 49 57 10.37834/SS2222049n Историја на проучување нa македонското епиграфско богатство од страна на руските научници https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2468
Во овој прилог се задржуваме на руските изданија, монографиии одделни статии, прилози, во кои се публикувани, документирани и интерпретирани словенски епиграфски споменици од Македонија. Целта е да се истакне придонесот на руските научници и на нивните трудови во откривање/пронаоѓање, евидентирање, објавување, интерпретација итн., а со тоа и во афирмација на македонското епиграфско богатство.
Марија Паунова Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 59 69 10.37834/SS2222059p Метафорички концепти на соматските фраземи со компонента СРЦЕ во македонскиот и во германскиот јазик https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2471
Фразеологијата е рефлексија на менталитетот, културата, социјалниот развој и на начинот на кој говорителите на тој јазик го перцепираат светот. Особено значајно место во фразелогијата заземаат соматските фраземи кои можат да откријат каква улога и значење имаат називите за делови од телото во еден јазик. Овој текст е обид да се анализираат соматизмите со компонента срце во македонскиот и во германскиот јазик, со цел да се утврдат сличностите и разликите помеѓу двата јазика користејќи и дополнувајќи ги метафоричките концепти на Лејкоф и Џонсон (2004) кои го прошируваат концептот на метафора надвор од класичните реторички дефиниции и укажуваат дека секојдневните метафорички изрази обично сугерираат когнитивни обрасци.
Бисера Станкова Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 71 83 10.37834/SS2222071s Фраземи со компонента ЦРВЕНО во рускиот и во македонскиот јазик https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2472
Феноменот на боите, нивното значење и восприемање се предмет на интерес на многубројни истражувања од различни сфери. И овој труд претставува обид да се расветли уште еден сегмент на оваа сложена појава. Конкретно, трудот се фокусира на фраземите со колоративот црвено во рускиот и во македонскиот јазик, на идентификување на сите единици што го содржат овој колоратив и утврдување на разликите што се поврзани со нивната застапеност во разгледуваните јазици.
Екатерина Терзијоска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 85 92 10.37834/SS2222085t Патување со А. Ч. Свинберн низ „Градината на Прозерпина“ преку една строфа од англиски на македонски јазик https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2473
Во овој труд се занимаваме со англиско-македонски превод на претпоследната строфа на „Градината на Прозерпина“ од Алџернон Чарлс Свинберн. Го опишуваме митот за Прозерпина, даваме некои биографски податоци, за поетот за да воспоставиме контекст за песната, а потоа правиме кратка анализа, за да се долови значењето на песната. На крај, го опишуваме преводот и некои негови проблематики.
Мартин Блажески Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 95 104 10.37834/SS2222096b Фраземите и преведувањето https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2474
Во нашиот труд ќе претставиме повеќе проучувања за преведувањето на фраземите. Ќе се задржиме на ставовите, пред сè, на чешките лингвисти како што се Ф. Чермак, И. Вањкова, З. Куфнерова, но и на други научници, како што се Е. Хечко, Р. Маројевиќ или Ј. Млацек и Стракова.
Јасминка Делова-Сиљанова Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 105 113 10.37834/SS2222105ds Интерпретативните осцилации како совладување на дистанцијата https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2475
Целта на овој текст е интерпретативно да ги илустрира одделнитe теориски промислувања на поимот толкување, понудени во рамки на книжевната херменевтика. Интерпретативниот фокус е поставен врз романот Покана на смртна казна од рускиот писател Владимир Набоков.
Марија Ѓорѓиева Димова Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 115 130 10.37834/SS2222115gjd Огледалото на гротеската во предворјето на ‘сонот’: полифонијата на фантастичниот реализам во ,,Двојник” на Ф. М. Достоевски https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2476
Оваа студија херменевтички го иследува фантастичниот реализам како синкреза на романтичарската фантастика и реалистичките конвенции во романот ,,Двојник” од Ф. М. Достоевски. Трудот стреми, низ евокација на теориските премиси на Цветан Тодоров и М. М. Бахтин, да ги образложи жанровските интерференции и наратолошките модуси низ кои, трансцендира парадигмата на идентитетското двојство – предимно, низ јазикот на гротеската и амалгамот на сонот и стварноста. Следствено, студијата е обид за херменевтичко разглобување на сите скриени меандри низ кои полифонично се рефлектира топосот на идентитетското подвојување на протагонистот Голјаткин.
Елена Карпузовска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 131 149 10.37834/SS2222131k Преводот како ковачница на јазикот https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2477
Во преводот често се појавува потреба за нови зборови за да може да се пренесат реалиите на една култура во друга. феноменот на преземење зборови направо од оригиналниот јазик, го уништува стремежот за градење на јазикот. од друга страна пак, образувањето неологизми кои одговараат на нашиот јазик постојано ќе го дополнуваат и збогатуваат лексичкиот фонд. Преводот не само што треба да го разгледа значењето на зборот, туку треба да го земе предвид и контекстот на неговата употреба и неговата еволуција во јазикот.
Фросина Милковска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 151 156 10.37834/SS2222151m Tropy chorograficzne w piśmiennictwie polskim. Rekonesans https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2480
W artykule podjęto analizę tropów chorograficznych w piśmiennictwie polskim. Chorografia ukształtowała się już w starożytności jako opis (o różnym stopniu szczegółowości) znanych autorowi (choć nie zawsze w pełni autopsyjnie) krain historyczno-geograficznych, zjawisk geograficznych i szczegółów krajoznawczych i różnych obiektów charakterystycznych dla danej przestrzeni. Obejmowała zwłaszcza opis położenia i części składowych danego obszaru, stosunków wodnych (hydrologii), najważniejszych miast, żјycie i obyczaje mieszkańców, czasem również ustrój polityczny, bogactwa naturalne i in. W literaturze polskiej zasadniczo nigdy nie wykształtowała się jako osobny gatunek literacki. Najczęściej znajdowała się w części wstępnej dzieł historycznych, jak w kronice Anonima tzw. Galla z XII w. Niektóre z realizacji były niezwykle popularne jak dzieło geograficzne Macieja z Miechowa, bestseller literatury renesansowej w Europie, chorografia Jana Długosza, która aż do dziewiętnastego stulecia stanowiła wzorzec informacyjnego opisu naszego kraju, czy wielokrotnie wykorzystywany aż do początków XX w. przewodnik po Ziemi Świętej, autorstwa Anzelma Polaka. Linia rozwojowa chorografii zaczyna rozchodzić się w dwie strony. Jedną są deskrypcje poszczególnych krajów, regionów i miejsc. W tej formie tropy chorograficzne w bardzo skonwencjonalizowanej formie wkraczają w przestrzeń piśmiennictwa geograficznego i użytkowego, a ich realizacje można zaobserwować do dzisiaj w przewodnikach turystycznych. Druga linia rozwojowa to hybrydowa struktura gatunkowa, która wyrasta z relacji podróżopisarskich najczęściej ujętych w formę diariusza. Chorografiom i tropom chorograficznym nie poświęcono dotąd zbyt wiele miejsca w polskiej refleksji naukowej.
Dariusz Rott Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 157 166 10.37834/SS2222157r Гледните точки во расказот „Дамата со кученцето“ од Антон Павлович Чехов https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2481
Студијата се занимава анализа на гледната точка во расказот „Дамата со кученцето“ од Антон Павлович Чехов. Типологијата на гледните точки застапувана во теориските студии на Жерар Женет, Борис Успенски, Ролан Барт, Мике Бал и Михаил Бахтин ја претставува основата за дескрипција на позициите и убедувањата на ликовите во текстот.
Славица Србиновска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 167 177 10.37834/SS2222167s Literatúra a literáti v treťom miléniu, alebo o tzv. „dislokačných“ spisovateľov https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2482
Целта на кратката статија е стручно да го објасни феноменот на т. н. „дислокациски писатели“ кој зема сè поголем замав во третата деценија од дваесет и првиот век во кој живееме. Литературните творци почнуваат да го губат статусот на културни и општествени двигатели со кој беа означувани првенствено во втората половина од дваесеттиот век. За денешниот нивни статус се несомнено заслужни, меѓу останатите фактори, растечката глобализација, комерцијализацијата и новата логика на пазарот.
Zvonko Taneski Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 179 183 10.37834/SS2222179t Творештвото на Олга Токарчук низ призмата на преводите на македонски јазик https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2483
Олга Токарчук е една од најистакнатите писатели на современието, не само во полската литература, па затоа и овој текст е посветен на интерпретација на нејзините дела во македонска средина, со оглед на тоа што сè уште многу малку се пишува за неа и за нејзините дела. Важна е и рецепцијата во друга средина, која секогаш може да се разликува од земјата на оригиналот и од други земји каде што Олга Токарчук зазема позаслужно место во литературната критика. Од анализата на петте нејзини дела, преведени на македонски јазик, се изведуваат доминанти кои го одредуваат нејзиниот стил на пишување и кои се обидуваме да ги објасниме низ призмата на нејзините зборови, искажани, главно, во есејот насловен „Сочувствен раскажувач“.
Лидија Танушевска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 185 194 10.37834/SS2222185t Живеат во срцата на сите што ги паметат: Кшиштоф Вроцлавски (1937-2022), Влоѓимјеж Пјанка (1937-2022), Станислав Гајда (1945-2022) https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2485 Милица Миркуловска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 205 211 10.37834/SS2222205m Промоција на два тома од списанието СЛАВИСТИЧКИ СТУДИИ (СлСт) БР. 19 И БР. 20 https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2484

Милица Миркуловска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 197 203 10.37834/SS2222197m Сонот на една жена https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2487 Лидија Капушевска-Дракулевска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 215 220 10.37834/SS2222215kd За меѓународниот славистички проект „TOWARDS MODERN SLAVIC STUDIES” на Шлезискиот Универзитет од Полска, Универзитетот во Острава од Чешка и Св. Кирил и Методиј од Македонија https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2488 Лидија Танушевска Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 221 225 10.37834/SS2222221t International Conference Italiano e lingue Slave. confronto, contatto, insegnamento https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2489 Руска Ивановска-Наскова Даниел Слапек Авторски права (c) 2024 Славистички студии 2024-04-01 2024-04-01 22 227 229 10.37834/SS2222227in