https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/issue/feed Славистички студии 2024-12-20T20:22:46+01:00 Јасминка Делова-Силјанова jasmin.del@flf.ukim.edu.mk Open Journal Systems
Славистички студии е меѓународно славистичко списание од областа на хуманистичките науки кое што го издава Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2634 Вештачката интелигенција и два преводи од македонски на полски јазик 2024-12-20T20:22:46+01:00 Милица Анчевски m.anchevski@flf.ukim.edu.mk Андреја Басотова m.anchevski@flf.ukim.edu.mk Теа Јанакиева m.anchevski@flf.ukim.edu.mk Фросина Милковска m.anchevski@flf.ukim.edu.mk Димитар Неделковски m.anchevski@flf.ukim.edu.mk Ангелина Петреска m.anchevski@flf.ukim.edu.mk
Во оваа статија го анализираме  преводот од македонски на полски јазик на една песна, „Петта молитва на моето  тело“ од Ацо Шопов, од страна на Вештачката Интелигенција.
2024-07-16T03:32:28+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2635 Интертекстуалните дијалози во романот Пушкиновиот дом на Андреј Битов 2024-12-20T20:22:37+01:00 Марија Ѓорѓиева-Димова marija.gorgieva@flf.ukim.edu.mk
Поаѓајќи од постојните теориско-типолошки модели на интертекстуалноста, кои се дел од т.н. рестриктивна интертекстуална парадигма, елаборирани од страна на Ренате Лахман, Жерар Женет, Дубравка Ораиќ-Толиќ, Марк Кари, оваа студија има за цел да ги толкува интертекстуалните слоеви во романот Пушкиновиот дом на рускиот писател Андреј Битов. Интерпретативниот фокус е поставен врз три рамништа: врз интертекстуалниот предмет во романот (конкретните прототекстови и книжевната традиција како глобален прототекст); врз интертекстуалните релации и постапки во романот; врз мнемоничките функции и импликации на интертекстуалните дијалози во романот.
2024-07-16T03:36:28+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2636 Митолошко-поетски проникнувања: ликот на Прометеј во македонската и во германската поезија 2024-12-20T20:22:29+01:00 Маријана Ѓорѓиева marijanagjorgjieva@hotmail.com Зорица Николовска zorica.nikolovska@hotmail.com
Трудот претставува компаративно проучување на песните на македонскиот поет Ацо Шопов и на германскиот поет Јохан Волфганг фон Гете, при што предмет на анализа воедно се и интертекстуалните врски помеѓу македонската и германската поезија втемелени врз тематизација на митолошкиот образец за јунакот Прометеј. Во ова истражувањево фокусот на споредбената анализа се песната „Прометеј“ од поетот Јохан Волфганг фон Гете и песната „Љубовта на огнот“ од Ацо Шопов. Јукстапозицијата на споменатите песни низ призмата на интертекстуалната митолошка рамка отвора можност за ново видување во расветлувањето на поетската обработка на ликот Прометеј. Митот за Прометеј во поетските дела расветлен низ призмата на поновата фрејминг-теорија  претставува „рамковна одредница“ за  различните дискурси  со дистинктивна функцијаç
2024-07-16T03:41:27+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2637 Kobieta w protestantyzmie – wizerunek baronowej Elżbiety Kalisz 2024-12-20T20:22:21+01:00 Jana Raclavská jana.raclavska@osu.cz
Artykuł stanowi wycinek badań nad obrazem kobiety-protestantki na Śląsku Cieszyńskim na przełomie XVIII i XIX wieku. Analizie poddano kazanie wspomnieniowe po śmierci baronowej Elżbiety Kalisz. Tekst pochodzi z 1772 r. i zachował się w rękopisie w Muzeum Protestantyzmu w Cieszynie
2024-07-16T03:46:01+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2638 Наративната имагинација низ призмата на расказот во творештвото на Олга Токарчук 2024-12-20T20:22:12+01:00 Славица Србиновска srbinovskas@gmail.com
Студијата има за цел да го интерпретира наративниот пристап на авторката Олга Токарчук. Предмет на истражување е расказот „Гардеробер“. Со нагласување на сложеноста на кусата наративна форма или расказот, трудот настојува да навлезе во пошироката филозофија на нарацијата на авторката која се засновува врз специфична естетика на меланхолијата, потоа врз етика на постмодерниот и постантропоцентичниот пристап кон светот во кој вредностите, според авторката, се засновани на комуникација на човекот со универзумот на природата, предметите, другите луѓе.
2024-07-16T03:48:53+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2639 Наративните постапки на Алена Морнштајнова како предизвик за преведувачот 2024-12-20T20:22:04+01:00 Игор Станојоски igor_stanojoski@yahoo.com
Во овој труд ги анализираме тешкотиите и дилемите при преводот на два романи од познатата чешка писателка Алена Морнштајнова: Хана и Празна мапа. Познато е дека преведувачот што врши превод на прозни дела на македонски јазик од јазик што не поседува граматички маркери на евиденцијалноста мора да биде претпазлив со изборот на конкретното минато време во преводот. Но, во преводот на наведените два романи се соочивме со сложен спектар од влијанија врз изборот на минатото време: изборот на времето не зависеше само од познавањето на контекстот и хронологијата на настаните во дејството на романот, туку и од наративните постапки на Алена Морнштајнова, пред сè поради умешниот премин од јас-наратор во сезнаен наратор, и обратно.
2024-07-16T03:51:56+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2640 Реактуализацијата на словенското културно наследство како признак на развојот на македонската литература 2024-12-20T20:21:56+01:00 Искра Тасевска Хаџи-Бошкова iskratasevska@yahoo.com
Текстот се занимава со истражувањето на средновековното книжевно и културно наследство како суштествен елемент кој го одредува развојот на македонската литература кон современите облици. Во центарот на вниманието се поставени книжевните пројави од македонскиот 19 век, кои жанровски, но и стилски се надоврзуваат на одредени словенски творечки објави (пред сѐ, жанрот беседа/слово и подновувањето на неговите стилски обележја со својства кои се во релација со словенското книжевно наследство). Тука ќе се земе предвид и односот со културолошки блискиот манир на творење (главно, преку словенскиот превод на дамаскините) и изразните и творечки појави, карактеристични за македонската литература во 19 век, преиспитувајќи ја тезата за нивната непосредна врска. Истовремено, се истражуваат и промените на облиците низ годините, особено во словата на Прличев, со што реафирмирањето на средновековното наследство доживува функционално надградување кое не се сведува само на бележење на имињата и на делата од словенските првоучители.
2024-07-16T03:55:13+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2641 Лингвистички проучувања 2024-12-20T20:21:47+01:00 Васил Дрвошанов vasildrvoshanov@yahoo.com 2024-07-16T03:57:36+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2642 Библиографија и преглед на електронски ресурси за македонскиот јазик 2024-12-20T20:21:39+01:00 Руска Ивановска-Наскова rivanovska@flf.ukim.edu.mk 2024-07-16T04:00:12+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2643 Преводот како продолжение на животот 2024-12-20T20:21:31+01:00 Лидија Танушевска lidkapol@yahoo.com 2024-07-16T04:02:49+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/article/view/2644 Споредбено толкување на романите од Георги Господинов 2024-12-20T20:21:22+01:00 Елизабета Шелева elizabeta.seleva@flf.ukim.edu.mk 2024-07-16T04:04:56+02:00 Авторски права (c) 2024 Славистички студии