Повик за трудови, Славистички студии бр. 24

2024-04-18

Со задоволство ве каниме за соработка во новиот број на списанието Славистички студии бр. 24.

Вашиот текст  може да го испратите најдоцна до 30.09.2024 година преку Поднесете статија , а во случај на проблеми може да се обратите на адресата slavistika@flf.ukim.edu.mk и на адресата на главниот уредник на овој број, проф. д-р Лидија Танушевска: lidkapol@yahoo.com со назнака за Славистички студии 24.

Со овој број на списанието продолжуваме со чествувањето на долгогодишните членови на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и го посветуваме на проф. д-р Ружица Јанчулева (1951-2015).