ПОДДРШКА НА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДЕЦА СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И НА НИВНИТЕ РЕФЕРЕНТНИ ЛИЦА ВО ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (1-3 ОДД.)
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
советување, инклузивно образование, нарушeнo однесувањеАпстракт
Основа: Во Германија можеме да кажеме дека, и покрај сите напори за инклузивно образование, постои тенденција за издвоено образование што се однесува до „емоционалниот и социјалниот развој“. Во Берлин беше развиен проектот Транзиција. Со овој вид поддршка беше овозможено сите деца-учесници да останат во нивните основни училишта.
Цели: Истражувањето имаше за цел да открие на кој начин поддршката, во контекст на проектот Транзиција, придонесе за успешно инклузивно учење на учениците со значителни проблеми во нивното општествено однесување.
Методи:Беше употребен полустандардизиран прашалник за интервјуирање на наставниците во редовните училишта и, згора на тоа, беа оценети училишните сертификати (свидетелствата) во врска со редовното посетување на училиштето, како и способностите по математика и германски јазик. Во истражувањето учествуваа девет училишта од Берлин. Стапката на одговор беше 96%.
Резултати: Тековното истражување покажува дека инклузивното образование во случај на значителни проблеми во општественото однесување може да биде успешно само со советување на родителите и наставниците, со соработка на училиштата и со помагање на младите, како и со привремено групно ослободување од учење, како на учениците со проблематично однесување така и на целокупната група и на наставниците - првите успеваат со практикување на признавање и прифаќање, дури и покрај сериозните проблеми со однесувањето во училиште.
Заклучок:Резултатите јасно покажуваат дека интеракцијата наставник – ученик и интеракцијата ученик – ученик значително се подобруваат во субјективната перцепција на одделенските наставници. За да бидат успешни овие односи, на сите им е потребна „посебна средина“.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2014 Улрике Бекер

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
