ОТСЕК ЗА ДЕФЕКТОЛОГИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Апстракт
Со оглед на зголемениот притисок врз образовниот систем во Босна и Херцеговина (БиХ) во целост да се прифати инклузивното образование и да се обезбеди соодветна поддршка за сите ученици, постои потреба за формирање на нов отсек за дефектологија во БиХ. Така, на Факултетот за образовни науки на Универзитетот во Сараево беше иницирана и направена физибилити студија за потребата за формирање на новиот отсек. Оваа физибилити студија беше одобрена од страна на Владата и Собранието на Кантонот Сараево. До денес постоеја само два такви отсека на државните универзитети во БиХ, еден во Тузла (Федерацијата на Босна и Херцеговина) и еден во Фоча (Република Српска). Ова ќе биде трет, поддржан од државата, отсек за едукација на стручни лица од областа на специјал-ното образование и рехабилитација на деца со пречки во развојот. Предавањата на новиот отсек ја следат долгата традиција на предавања кои се нудат на слични институции во регионот, како што е Факултетот за дефектологија во Белград, Србија и Факултетот за дефектологија во Загреб, Хрватска.
Покрај тоа, земајќи ги предвид овие ре-гионални насоки за студиската програма, ние исто така ги имавме предвид програмите понудени на нај-добрите светски универзитети за специјално образование, како што се Уни-верзитетот „Вандербилт“ и Универзи-тетот во Канзас. Водечка идеја беше дека студентите на Отсекот за дефектологија го заслужуваат најдоброто, во моментот актуелни програми кои ќе им обезбедат компетенции за да се обезбеди целосна поддршка на децата со пречки во развојот. Дипломираните студенти од Отсекот за дефектологија ќе имаат вештини за работа со деца и возрасни со различни форми на пречки. Дипломираните студенти од Отсекот ќе имаат компетенции во областа на работа со деца со интелектуална попреченост, слух и оштетен вид. Тие ќе бидат во можност да обезбедат поддршка на децата од периодот на раното детство, во текот на годините на училиште и факултет, поддржувајќи ги во текот на целиот преоден период (до вработување). Програмите кои се нудат во Отсекот се наменети за оспособување на студентите да работат со хетерогена група деца и да се одговори на широк спектар на образовни предизвици со кои може да се соочат во секојдневната работа. Така, на пример, на Отсекот се нудат предавања за образовни стратегии за работа со деца со нарушување на аутистичен спектар базирани на докази, како што се применета анализа на однесување, предавања за методите на работа со хиперактивни деца и деца со недостаток на внимание итн. Еден од новодизајнираните курсеви е когнитивната рехабилитација, која ги учи студентите на некои практични стратегии за тоа како да се подобрат одредени когнитивни домени (внимание, меморија, извршни функции) на децата со пречки во развојот. Од старите, добро воспоставени курсеви, има такви кои се занимаваат со сензорни нарушувања како што се знаковниот јазик и Браевото писмо. Сѐ на сѐ, вработените во Отсекот веруваат дека дипломираните студенти ќе бидат целосно компетентни за справување со тековните образовни предизвици и ќе бидат во можност да обезбедат целосна поддршка за образованието и рехабилитацијата на сите деца со пречки во развојот.
Во оваа учебна година (2016/2017) на овој отсек се запишаа 20 студенти. Во учебната 2017/2018 планираме да се запишат 65 студенти. Ние им посакуваме сѐ најдобро на сите наши сегашни и идни студенти и ги каниме сите да го разгледаат овој отсек за дефектологија при Универзитетот во Сараево, како следен чекор во својата кариера.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Харис Мемишевиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
